Струмичкото земјоделство поддржано со 19 милиони евра

Bez autora
Feb 04 2013

Преку субвенции и директна помош во изминатите години Владата инвестирала околу 19 милиони евра во развојот на струмичкото земјоделство. Поддршката во наредниот период ќе биде насочена, пред се, кон развојот на задругарството. Новиот закон за земјоделски задруги што е во собраниска процедура е повод за нашата средба и можност директно од земјоделците да ги слушнеме нивните размислувања и барања. Продолжуваме со практиката да ги земеме предвид сугестиите на производителите и да ги преточиме во конкретни политики. Согласно донесената петгодишна Стратегија за развој на земјоделството, Министерството ќе продолжи да ги поддржува земјоделците и на сите можни начини ќе се обидува да ги надмине воочените проблеми.

Струмичкото земјоделство поддржано со 19 милиони евраПреку субвенции и директна помош во изминатите години Владата инвестирала околу 19 милиони евра во развојот на струмичкото земјоделство.

Како што изјави ресорниот заменик-министер Зоран Коњановски, поддршката во наредниот период ќе биде насочена, пред се, кон развојот на задругарството.

- Новиот закон за земјоделски задруги што е во собраниска процедура е повод за нашата средба и можност директно од земјоделците да ги слушнеме нивните размислувања и барања. Продолжуваме со практиката да ги земеме предвид сугестиите на производителите и да ги преточиме во конкретни политики - рече Коњановски на земјоделците од Пиперево.

Согласно донесената петгодишна Стратегија за развој на земјоделството, Министерството ќе продолжи да ги поддржува земјоделците и на сите можни начини ќе се обидува да ги надмине воочените проблеми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik